(ФОТО) Познатиот латино љубовник ја одржува формата: Џогингот на Антонио Бандерас низ Марбелја

Актерот Антонио Бандерас (59) бил „фатен“ од камерите во непрепознатливо издание, откако тој побрзал да трча веднаш штом шпанските власти ги олесниле забраните поради коронавирусот.
Тој тренираше во градот Марбела во спортски хеланки и јакна, а на нглавата носел капа со зборовите „АБ“, односно неговите иницијали.
Латино заводникот, кој сега има долга сива брада, очигледно не сакал никој да го препознае, но тоа не му успеало. Кога ги забележал камерите, почнал да го покрива лицето со рацете.


Бандерас: Одржува форма
Тој ја искористи можноста да трча затоа што властите им дозволиле на возрасните да шетаат или да спортуваат помеѓу 6. и 10. и од 20. до 23. часот. Патем, Шпанецот се изолирал во вилата во Марбела со својата девојка, советникот за инвестиции, Никол Кимпел (38), со која е во врска од 2014. година.
Бандерас се заљубил во Холанѓанката непосредно по прекинувањето на неговиот втор брак со актерката Мелани Грифит (62). Тој ја изненади јавноста откако призна дека со неговата поранешна сопруга, дури и по разводот, останале блиски пријатели и семејство, пренесува Daily Mail
„Со сигурност можам да кажам дека таа е мојата најдобра пријателка. Тие сè уште се моето семејство, Дакота, Стела и Александар“, рекол тој своевремено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …