Состојки:
1 голема тиквичка
1 чен лук
2 јајца
50 мл млеко
2 лажици рендан кашкавал
1 филџан брашно (по потреба)
1 лажичка сол
Подготовка: излупете и изрендајте ја тиквичката.Насолете и оставете половина час, а потоа убаво исцедете.Додајте јајца, ситно сечкан или пасиран лук, кашкавал, млеко, брашно, убаво измешајте и по потреба додајте уште брашно, за да добиете смеса кој е малку погуста од онаа за американски палачинки.
Во тава загрејте масло и со лажица ставајте од смесата. Пржете по 3 – 4 минути од секоја страна, па извадете на кујнска хртија, да се исцеди одвишната маснотија.
Послужете ги топли со прилог по желба.
(ФОТО) Полпети од тиквички на баба
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.