(ФОТО) Пензионер по втор пат му враќа пари на Вучиќ: „Тоа не е помош, туку понижување!“

Откако државата (србија) им уплатила по пет илјади динари (околу 2.500 денари) финансиска помош на сметките на пензионерите, еден од нив решил тој износ по пошта да го врати на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.„Не сакам милостина или понижување“, вели пензионерот Миле Делиќ, кој по втор пат ја враќа помошта наменета за најстарите.

Новогодишната честитка во износ од пет илјади динари пристигнала на Андричев венац, упатена до претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Испраќачот Миле Делиќ, пензиониран потполковник, поранешен пилот. Тој вели дека парите што државата им ги дава на пензионерите „не се помош, туку понижување“, поради што и ги враќа.



„Тоа се жртвувани пари за да се покренат овие наши заспани пензионери, на кои сум многу лут“, вели Делиќ.
Миле е лут и на претседателот на Србија и сè уште не го заборавил намалувањето на пензиите од 2014. година.
„Вучиќ мене ми зеде 48 рати, кои беа секоја од нив, два до три пати поголема од оваа помош, за целиот период на важење на законот“, вели тој.
А законот важел четири години, до 2018 година. Затоа Делиќ веќе му ја испратил истата уплатница на претседателот на Србија, тогаш премиер, во 2016 година. И со истата порака – „не сакам милостина“.
„Уплатата е вратена, после еден месец, од поштата шест, што е најблиску до Владата на Србија, но јас не бев дома, па уплатницата не беше зачувана, не знам кој ја испратил“, вели Делиќ.


„На повеќето пензионери во Србија им е потребна помош, но таа не може да се сподели кога ќе им текне на Александар Вучиќ или Синиша Мали, туку проблемот мора да се реши систематски“, вели новинарот на „Време“, Радмило Марковиќ.
“Тоа е една предизборна кампања и никогаш не запира. Имаме мешани пораки, понекогаш имаме пари, понекогаш немаме, понекогаш се распрснуваме, понекогаш ги стегаме торбите”, вели Марковиќ.
Токму поради ваквиот однос на државата кон пензионерите, Делиќ вели дека ќе продолжи да се бори против нивното угнетување и за одземените пензии и не крие дека бил регрутиран од одредени опозициски партии.
„Тие не покануваат магариња на свадби за да го водат орото, туку да ја влечат колата“, рекол Делиќ за n1.


Извор и фото: rs.n1info.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …