(ФОТО) Парите не те прават умен и културен: Нејмар со начинот како „се простил“ од Стивен Хокинг повторно покажал колку е „прост“!

Ѕвездата на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар е на боледување поради повредата, и освен со своите бизарни барања за продолжување на неговта кариера уште ендаш покажал колку е прост. Да, прост…
Вчера светот се прости од Стивен Хокинг, научникот кој „ја победи медицината“ и покажа дека и’ со АЛС која му била дијагнозирана во дваесеттите години може да се оствари исполнет живот. Стивен Хокинг беше еден од најпознатите физичари во светот и до последен момент (во својата 76. година) работеше и твореше. За овој инспиративен човек беа снимени и два филма.
Но, Нејмар на скандалозен начин се простил од британскиот научник Стивен Хокинг.
Нејмар е во Бразил откако направил операција на скршеното стапало во февруари.Првиот дел од опоравувањето тој го поминува во количка, во која Хокинг беше принуден да седи 55. години, поради дијагнозата за неуронската болест во 1963 година.
Нејмар наместо да се фокусира на остварувањата на Хокинг, решил да се „позанимава“ со неговата количка, на бизарен начин.
„Морате да имате позитивен приод и да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате – Стивен Хокинг’, го цитираше Нејмар научникот со фотографија на која фудбалерот се смее во количка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …