(ФОТО) Oд недела на Сител започнува нова сезона од „Твоето лице звучи познато“

После минатогодишната победа на Даниел Кајмакоски, оваа година боите на Македонија ќе ги брани Тијана Дапчевиќ
Од недела, 1. октомври, ексклузивно на Сител телевизија стартува новата, четврта сезона од регионалното лиценцирано шоу “Твоето лице звучи познато”.
Забавата може да започне! Лудило на сцената на Прва српска телевизија, а лудило и на фреквенцијата на Сител телевизија која ги има правата за пренесување на ова популарно шоу на територијата на Македонија.
Македонската учесничка е Тијана Дапчевиќ, како што веќе и објавивме, а покрај неа тука се Мира Шкориќ, Беби Дол, Драгана Мичаловиќ, Стеван Анѓелковиќ, Едита од “Министерке”, Леон, Бранислав Лечиќ, Пагонис и Бане Видаковиќ.

Со цел да ве потсетиме на минатогодишниот успех на Даниел Кајмакоски ви донесуваме некои од неговите имитации…


Во текот на наредните три месеци, овие познати балкански личности ќе ги гледаме во улоги на домашни и светски музички ѕвезди. Имитации какви што немате видено никогаш досега, забава која може само да се посака, расположение кое без сомнеж ќе биде одлично. Шоуто ќе добие и ново водителско име, а кои ќе застанат на жириските столчиња, дознаваме во недела во 21. часот на Сител.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …