Ана Курникова го имаше светот на тенисот на дланка. Ѝ предвидуваа одлична тениска кариера, а никој не очекуваше дека само осум години подоцна, измачена од повреди и невидено медиумсколудило, ќе ја заврши кариерата. Во тие кратки осум години од нејзината професионална кариера, таа го доживеа она што многу луѓе не го доживуваат во осум животи.
Ана Курникова не е ниту првата ниту последната атрактивна спортистка која се појави на светската сцена, туку веројатно е последната која мораше да го поднесе товарот да биде секс симбол во атмосферата од деведесетите. Тоа беше време кога интернетот само што стануваше мејнстрим и време кога сексот продаваше сè. Весници, списанија, телевизија, филмови, музика, а со појавата на Курникова и спорт.
Сепак, иако нејзините резултати не беа лоши, но не како што се очекувало Курникова ги наполни стадионите и трибините ширум светот. Кога имала само 16 години, магазинот „People“ ја вклучилво 50-те најубави луѓе на светот, FHM (Magazine For Him) ја прогласилза најсекси жена на светот.
Англискиот таблоид Sun се обврзалда објавува по една нејзина фотографија секој ден, а машките фанови подобро ја знаеле нејзината позиција на FHM отколку на WTA листата.
„Мајка ми се обиде да ме заштити од сето тоа, но наиде на луѓе кои ја критикуваа поради тоа. Беше хаотично и тешко. Ме влечеа на сите страни, а јас и мајка ми сето тоа го учевме во од. Имав 16 години и играв на централниот терен на Вимблдон, бев дете и тешко е за дете да го обработи тоа“, изјавила Курникова во 2010 година.
Кога имала само 16 години, магазинот „People“ ја вброил во 50-те најубави луѓе на светот.
Пред да наполни 18 години, Ана била во врска со руската хокеарска ѕвезда Сергеј Федоров, кој бил 12 години постар од неа. Не се обидела да го сокрие тоа, како и врската со друг хокеар, десет години постариот Павел Буре, со кој наводно го изневерувала Федоров.
Кога Sports Illustrated го објавил тоа, Ана одговорила: „Имам момче во секоја земја во светот и ги сакам сите“.
Шанса за заживување на женскиот тенис
Тенискиот свет, односно WTA турот, во неа видел шанса да го врати женскиот тенис во фокусот на светската јавност.
Со ангелско лице, руса коса и привлечна градба, Курникова била токму она што му требал на женскиот тенис за да се пробие во мејнстримот. Така, Sony Ericsson Open во Мајами ја започнал кампањата „Дојди и види го сервисот и облините на Ана“.
Нејзините тренинзи биле повеќе гледани од другите натпревари.