(ФОТО) Нови здравствени проблеми на кралицата Елизабета: Откажала уште еден традиционален собир

Таа моментално живее во Шкотска во замокот Балморал
Секое нејзино летно пристигнување во Шкотска во замокот Балморал секогаш било обележано на посебен начин, но оваа година бил откажан традиционалниот голем собир во чест на британската кралица. Сите шпекулираат дека здравјето на кралицата Елизабета е се’ полошо и полошо.
Иако од палатата нема индиции дека 96-годишната кралица не е добро, уште едно откажување на традиционалниот собир во Балморал покренал нови сомнежи. Британската престолонаследничка принцеза пристигнала во Шкотска на крајот на јули на нејзиниот имот и веднаш го откажала првиот настан на кој требало да се појави.


Веднаш потоа било најавено дека нема да има голем собир во чест на кралицата Елизабета Втора, а како објаснување била дадена загриженоста за здравствената состојба и коронавирусот кој повторно беснее низ светот. Наместо голем собир, во палатата бил направен дочек само за неколку одбрани гости.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …