(ФОТО) Неда Арнериќ ја спасиле на ВМА: Се отрула со алкохол и лекови!

Познатата глумица се опоравува под будно око на лекарите на Војномедицинската академија…
Здравствената состојба на глумицата Неда Арнериќ, која во средата навечер била примена на ВМА, била стабилизирана со терапија која ја примала од доаѓањето во оваа установа.
Како што неофицијално дознаваат белградски новости.рс, глумицата на приемот во оваа установа во крвта имала алкохол во комбинација со лекови против депресија што довело до труење.
Веќе во текот на ноќта која ја минала на ВМА откако братот во несвесна состојба ја пронашол во станот, лекарите успеале да и ги стабилизираат виталните функции.


Само два дена пред трагичниот настан познатата глумица била на сцената на београдско драмско позориште каде толкува една од главните улоги цо претставата „Игра на парови“, а како што известуваат од театарот претставата минала во најдобар ред.


Инаку, во средината на декември глумицата останала без сопруг, познатиот доктор Милорад Мештеровиќ, кој починал после тешка борба со свирепа болест. Пред три години Неда паднала од терасата на нивниот стан на Врачар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …