Келнерката од Америка останала „шокирана“ кога видела дека нејзиниот клиент и оставил бакшиш од 2.000 долари. Таа ја споделила фотографијата на својот Твитер и предизвикала бројни реакции
Сара (21) од Америка открила дека била шокирана, но и пријатно изненадена кога го виделе тој огромен бакшиш. Сметката била 693,36 УСД а таа добила 2.020 УСД како бакшиш.
„Буквално се тресам“, напишала таа.
Нејзината објава привлече големо внимание, добила повеќе од 250.000 лајкови, а многу луѓе билњ исто толку шокирани како и таа.
„Каде да барам работа за ова?“ се некои од коментарите, додека имало и такви кои сметале дека сметката е лажна.
i’m literally shaking pic.twitter.com/iSEIkC4gtF
— sarrah (@sriracha_sauced) December 29, 2020
Но, не е прв пат во Америка да се остави толку голем бакшиш. Таа акција, помагање на другите ја започнал Дони Валберг, музичар, инаку брат на популарниот актер Марк Валберг. Џени Мекарти и тој го започнале предизвикот # 2020tipchallenge откако оставиле бакшиш од 2020 $ во една палачинкарница уште во јануари минатата година.
На предизвикот се приклучиле и други ѕвезди вклучувајќи го Хари Стајлс, Џејмс Кордон и Адел, но и многу други.