(ФОТО) Најубавата река на светот менува пет бои: Преку година е сосем обична, па наеднаш експлодирува и оживува- ова е нејзината тајна

 Една река во Колумбија претставува вистински природен феномен кој со години ги воодушевува локалните жители, но и туристите ширум светот кои доаѓаат за самите да се уверат во нејзината убавина.
Имено, реката Кањо Кристалес е специфична по тоа што во неа можете да ја видите жолтата, зелената, сината, црната, а најмногу црвената, а се’ тоа го “произведува“ билка која е на дното (makarenia clavigera)
Секој човек различно за доживува, па затоа таа има и доста имиња како на пример „Река од пет бои“, „Река која побегнала од рајот“ и секако „Најубавата река на светот“.
Она што е интересно, во поголемиот дел од годината воопшто не се разликува од било која друга река на светот. Многу камења прекриени со некаков вид на мов, која здодевно тече во ист смер.
Но, во еден краток период секоја година, кога времето е баш вистинско(помеѓу врнежливата и летната сезона) таа како да оживува и експлодирува со многу бои кои едноставно изглеадаат неверојатно. Во тоа можете и самите да се уверите од фотографиите.
Таа долго била затворена за туристите поради многу герилски единици кои биле активни во тој регион, како поради загриженоста какво влијание би имал надворешните фактори како туристите и што би можеле од неа да направат.
Од 2009. година таа е отворена за туристите и полека го зазема едно од главните места во брошурите на колумбиските туристички агенции.

Еве како изгледа Makarenia clavigera:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утврдено со истражување – Загадувањето на воздухот може да предизвика аутизам, особено опасни се емисиите од автомобилите

Една нова студија покажала дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од гасовите од автомобилите, …