(ФОТО) Му биле ампутирани двете нозе, но сепак успеал да се искачи на врвот на Монт Еверест 

Поранешниот војник на Гурки, Хари Буда Магар, стана првото лице со ампутација над коленото кој се искачи на Монт Еверест, изјави во неделата член на неговиот тим.
„Тој стигна до врвот Сагармата во петокот околу 15 часот по непалско време. После тоа се спушти во базниот камп и ќе се врати во Катманду во понеделник попладне“, изјави за АФП Хим Биста, кој го користеше непалското име за Еверест.

Магар (43) ги загубил двете нозе над коленото откако случајно згазнал на импровизирана експлозивна направа додека служел во Авганистан како член на бригадата Гурка во 2010 година. Досега две лица со ампутирани нозе под коленото се искачија на врвот на Еверест. Тоа се Новозеланѓанецот Марк Инглис во 2006 година и Кинезот Ксиа Боџу во 2018 година.


This image has an empty alt attribute; its file name is hati-buda-magar-1.jpg
Магар има протези на двете нозе и веќе има искачено неколку врвови, меѓу кои Тубкал во Мароко, Бен Невис во Шкотска и Мон Блан во Европа.
Но, на овој поранешен каплар му било забрането да се искачува на највисоката планина на светот неколку години поради непалскиот закон кој им забранува на слепите и двојно ампутирантеи лица да се искачуваат на планини.

This image has an empty alt attribute; its file name is hari-buda-maglar-1.jpg


Во меѓувреме, Врховниот суд на Непал го укинал законот.
„Сè додека можете да го прилагодите вашиот живот на времето и ситуацијата, сè е можно, нема граници, само небото е граница“, изјавил Магар за АФП во април пред да се упати кон базниот камп Еверест.
Осум од десетте највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал. Секоја пролет, кога топлиот и опасен хималајски ветер повеќе не дува толку силно, стотици алпинисти од целиот свет се упатуваат кон нив.

Извор: b92


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …