(ФОТО) Молитвата на дедо Наум: „Не занимавајте се со небитностите од овој свет, поарно молете се Бог да направи се’ за спасение на сите!“

“Кога ќе застанете на молитва, помолете се најпрво за мене, па за непријателите наши, па за оние што страдаат итн. Ние сме го добиле тоа што требало, сме застанале на молитва, сме ја вклучиле примарната функција на умот и веќе сме во заедница со Бог, и нема што да бараме понатаму. Он знае што нам ни е потребно во овој живот. И не занимавајте се со небитностите од овој свет; поарно молете се Бог да направи се’ за спасение на сите. И така цел свет се занимава со небитности, остана уште и ние христијаните да се занимаваме со истото. И по што ќе сме поразлични? Внимавајте што мислите, што зборувате – поарно е да се молите.
Господ да ве благослови сите! “ – дедо Наум


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …