(ФОТО) „Моќна двојка“: Љубовен пар кој го освојува светот на тенисот


Доминик Тим и Кристина Младеновиќ зад себе ја имаат највпечатливата недела во 2019. година.
Тим оваа година во финалето на Ролан Гарос загубил од Надал, додека Младеновиќ го освоила турнирот во двојки со Тимеа Бабош. Но, она то го направиле последната недела не му успеал на ниту еден тениски пар уште од Лејтон Хјуит и Ким Клајстерс кои во 2003. година го освоиле Индиан Велс, во машка и женска конкурнеција.
Младеновиќ викендов на Франција и донесе три бода во финалето на Фед купот во Перт, додека Тим завршниот Мастерс во Лондон го отворил со победа против Роџер Федерер за да синоќа го надигра и Новак Ѓоковиќ.

https://www.instagram.com/p/Bzs-oqPoC0J/?utm_source=ig_embed


Австријанецот Тим (26) и Французинката Младеновиќ (26), инаку ќерка на Босанка и Србин, почнале да се забавуваат во 2017. година. После нивните резултати оваа недела многумина почнале да ги споредуваат со веројатно најславниот тениски пар во историјата – Андре Агаси и Стефи Граф.

https://www.instagram.com/p/B4NNWt3AoTT/?utm_source=ig_embed


„Ти си ми инспирација и пример секој ден. Два нови трофеи дома“, напишала Кристина покрај фотографијата со Доминик Тим после Ролан Гарос.

https://www.instagram.com/p/ByiNOI4o_M-/?utm_source=ig_embed


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПО МУЛТИПЛЕКСА СКЛЕРОЗА, ѝ бил дијагностициран рак, СЕГА И НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА СЕ РАЗАБОЛЕЛА: Прекрасната актерка која ја сакал и’ Бред Пит преживува пекол!

Девојката има само 14 години. Актерката Кристина Аплгејт (53) со години отворено зборува за својата …