(ФОТО) ММА рекордер најден мртов во затворската ќелија – чекал судење за детска порнографија!

Тревис Фултон имаше најмногу борби во историјата на ММА, и во затвор чекал судење за детска порнографија
Поранешната ММА sвезда Тревис Фултон, човекот кој има најмногу борби во историјата на овој спорт, бил пронајден мртов во својата затворска ќелија за време на викендот!
Во затворот, Фултон се соочил со обвиненија поврзани со детска порнографија и сексуална експлоатација на деца и, наводно, се согласил да прифати две од четири обвиненија.
Судењето било закажано за 23 јули, а американската полиција издала соопштение во кое потврдила дека истрагата е во тек и дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Фултон беше познат во ММА светот по 323 професионални борби и резултат 257-55-10. Последната борба ја имаше во април 2019. година, а исто така успеа двапати да се испроба и во УФЦ.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …