(ФОТО) МИЛИЈАРДЕР ИМ ПОДЕЛИЛ МИЛИОНИ НА ВРАБОТЕНИТЕ: Толку ги усреќил што неговата секретарка се пензионирала на 36. години!

Милијардерот претприемач Метју Молдинг (48) направил едно од најголемите плаќања во историјата на Велика Британија откако скокнале цените на акциите на неговата компанија „The Hut Group“.
Молдинг плати неверојатни 933 милиони евра, и се погрижил за своите вработени. Од благодарност, тој минатата година им поделил удел од околу 23. милиони евра, а некои од нив станаа мултимилионери или едноставно решија да се пензионираат.
„Никој не доби помалку од неколку стотици илјади“, рекол Молдинг.
Молдинг, кој признава дека започнал да се занимава со бизнис доцна, започнал да продава ЦД-а со Џон Галамор во 2004. година, и во текот на изминатите 16 години, се стекнал со огромно богатство.


Неговата компанија поседува околу 100 веб-страници кои продаваат различни производи, од козметика до протеински додатоци. Иако „The Hut Group“ на берзата се нашла во септември, вредноста на акциите скокнала.
Молдинг, татко на четири деца, кој живее во Ланкашир, рекол дека тој е работохолик кој управува со својата деловна империја од мобилен телефон. Тој работи цел ден и пие 20. шолји кафе.

И покрај сè, тој се грижи за своето здравје и редовно оди во теретана, но и на луксузни патувања со семејството.
Тој годишната плата од 750.000 фунти ја дава во добротворни цели, а дал уште 10. милиони фунти за да помогне во борбата против коронавирусот.
Кога станува збор за вработените за кои се грижел, сите од управителот до возачите кои го возат до аеродромот добиле одредена сума. Неговиот личен асистент, благодарение на парите од акциите што ги добила, решила да се повлече на 36-годишна возраст.

Екран.мк/Mirror

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …