(ФОТО) Масакрите на семејството Менсон сеуште актуелни: Исповед на најмладата членка на култот на Чарлс Менсон – Дијана Лејк!

Во книгата „Член на семејството“, која излегува на 24. октомври, а чиишто исечоци магазинот “„People“ ексклузивно ги објавува, Дијана опишува како паднала под влијание на Менсон и како се ослободила од неговото влијание.

Иако поминаа повеќе од 50. години откако Дијана Лејк живеела како тинејџерка на подрачјето на Лос Ангелес, никогаш нема да заборави кога првпат го запознала Чарлс Менсон, злогласниот водач на култот и еден од најпознатите масовни убијци. Тоа било во 60. тите години од минатиот век.
„Беше неверојатно интелигентен. Имаше неверојатна способност да ги препознае слабостите, желбите и потребите кај луѓето и знаеше како да ги исполни“ раскажала Дијана Лејк за магазинот „People“ во својата прва исповед после 47. години.
Одлучила да го прекине долгогодишното молчење и да ги раскаже деталите на животот во култот, таканареченото „семејство Менсон“, каде што била најмлада членка. Менсон го запознала кога имала само 14. години.
Во книгата „Член на семејството“, која излегува на 24. октомври, а чиишто исечоци магазинот ексклузивно ги објавува, Дијана опишува како паднала под влијание на Менсон и како се ослободила од неговото влијание.
Во 1967. година Дијана Лејк на 14.годишна возраст талкала по комуните и учествувала во хипи-собирите откако нејзините родители одлучиле да го напуштат општеството и да живеат надвор од системот. Нејзе и’ дозволиле да живее самостојно.
Неколку месеци подоцна го запознала Менсон на забава во Топанги, во Калифорнија.
„Барав љубов, сакав да бидам сакана и да имам семејство. Сакав да му припаѓам на некому. Тој тоа веднаш го сфати“ рекла таа.
Во текот на следните две години станала исклучително верна на Чарлс Менсон, дури и кога тој станал многу параноичен и насилен, па се’ до кобниот август 1969. година, кога по негови инструкции биле извршени монструозни убиства. Во текот на дводневниот убиствен поход, во кој Дијана не учествувала, членовите на култот убиле седум луѓе: Абигејл Фолгер, Војцех Фриковски, Лена и Розмери ЛаБјанка, Стивен Парента, Џеј Сибринг и Шерон Тејт.
Една година подоцна, на 17. годишна возраст, откако повторно била институционализирана, Дијана се нашла очи в очи со Менсон, овој пат во судницата. Сведочела против него.
„Изгледаше како лудак, но можев да го погледнам во очи. До тој момент веќе бев вратена во нормала, бев ‘депрограмирана’, па се чувствував сигурно“, напишала во својата книга.
„Тоа е интересна приказна, но исто така би требало да послужи како предупредување. Се надевам дека мојата приказна барем малку ќе ги расветли мрачните настани што се случија на крајот на 60.ттите години“, напишала таа.
Но многу жени и девојки од култот, кои биле нејзини пријателки додека живееле заедно, и понатаму му биле голема поддршка на Менсон во текот на судењето.
„Тие девојки беа со врежана буква Х на челото? Тоа никогаш не сум го сфаќала. Тие и понатаму беа дел од таа приказна, беа придружба“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …