(ФОТО) Манекенката се сликала со БЛИЗНАЦИТЕ и ги згрозила фановите: Мислат дека ова е ВУЛГАРНО и дека претерала

Многумина се изнервирале што таа објавила слика додека дои…
На почетокот на годината се породи најпознатиот американски „плус сајз“ модел Ешли Греам (34), а таа и нејзиниот сопруг Џастин Ирвин добија близнаци.
Оттогаш помина половина година, момчињата растат, а не е лесно да се одгледуваат три деца во исто време (парот веќе има двегодишно момче), потврдува манекенката со честите објави на социјалните мрежи. А последниот предизвика лавина коментари од кои повеќето не беа ни малку позитивни.

Ешли на Инстаграм објавила фотографија на која се гледаат нејзините момчиња кои ги дои во исто време, а она што треба да биде убаво и природно за многумина испаднало вулгарно.
– Уморна сум, но еве сме – напишала таа во коментар покрај фотографијата и започнала дискусија на оваа мрежа.
Многумина се изнервирале што таа објавила слика додека дои, како тоа да е „нешто посебно“.
– Сите мајки дојат, што мислите дека ова е нешто посебно?, се прашувале. Вистина, ги имало и оние кои во тоа виделе посебен момент, кога мајката се поврзува со бебињата.
Сепак, за повеќето оваа слика била вознемирувачка и непримерна бидејќи нејзините гради биле целосно откриени.
„Ви благодарам, сега ми го згади животот“, „Како нешто убаво како доењето претворивте во нешто просто и вулгарно“, „Други жени дојат и не објавуваат слики од нивните голи тела“, коментирале тие на мрежите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кенсингтонската палата ЛАЖЕ, Кејт Мидлтон НЕ Е ДОБРО“: Изворот тврди дека таа и кралот Чарлс имаат ТЕЖОК ПАТ пред нив

Кејт Мидлтон неодамна откри дека завршила „превентивна хемотерапија“ откако во јануари оваа година и бил …