(ФОТО) Македонско – српска кавга во ТЛЗП: Каролина на ниво и игнорантски кон „скандал мајсторите“!

Во полуфиналето на „Твоето лице звучи познато“ имаше директен судир помеѓу српското и македонското естрадно и воспитно школо. Малку недостасуваше да се случи уште еден скандал и тоа во режија на „скандал мајсторот“ – Ненад Пагонис.
Гостинка во жирито беше нашата Каролина Гочева која освен што ги коментираше настапите, на некои од учесниците мораше како што е редот да им додели помалку поени за време на гласањето.
Ненад Пагонис беше еден од нив, а тоа веројатно не му се допадна, па во негово име Едита ја искритикува Каролина. Кога микрофонот дојде во рацете на Едита таа кажа:
„Морам да ја искористам оваа прилика поради тоа што е во живо. Кој од членовите на жирито му додели мал број бодови на Ненад? Ѓура или Каролина? Каролина? Е па поради тоа што Ненад на моето уво кажа грд коментар, за тие мали бодови, јас ќе му ги дадам моите пет за да покажеме дека го цениме тоа што го направи бидејќи е спортист“ рече Едита, до која очигледно стасала некој пцост па додала дека шоуто е се’ но не и големо семејство.
Каролина, на ниво, како вистински професионалец, немала никаков коментар на ова, туку на крајот на шоуто заиграла оро со дел од учесниците.
Очигледно Ненад Пагонис повторно сакал да предизвика скандал, како минатата недела кога ги прозивал Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, а за тоа добил лош коментар од Александра Радовиќ.
Македонското девојче едноставно го игнорира коментарот не давајќи им уште „материјал“ за скандали.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …