(ФОТО) Мајкл Кејн се вратил на Твитер и за само 11. минути направил хаос!

Филмската ѕвезда Мајкл Кејн (89) во понеделникот, се вратил на Твитер по четиримесечна пауза. Објавите на британскиот актер набрзо станаа вирални, не поради тоа што го напиша, туку повеќе поради она што не го објавил.
“Здраво!”, напишал Кејн во својата прва објава. Потоа, само 11. минути подоцна, тој се одјавил со пораката „Добра ноќ, душички мои“. Пораките на оскаровецот на Твитер беа објавени истиот ден кога беше потврдено дека милијардерот Илон Маск ќе ја купи оваа социјална платформа.


Фановите на Кејн имаа различни теории за тоа што може да значи враќањето на актерот, па имаше и смешни коментари: „Мајкл Кејн најавува дека Маск ќе победи во борба еден на еден. Херојот што ни треба во моментов“, „Твитер го купи Хенк Скорпио, но Мајкл Кејн сè уште твита во прекрасниот дух на ова место од 2011. година. Нека трае уште долго, „Мајкл Кејн е јас на секоја забава на која жена ми ме натера да одам“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …