(ФОТО) Мајка после породувањето сама извршила преглед на бебето!

Фотографка специјализирана за породување документирала необични моменти откако се родило едно бебе. Инаку, акушерка по професија, мајката сама го прегледала своето новородено момче по породувањето.
„Ќе се пофалам за момент со оваа мајка … Бидејќи на повеќе од 100 фотографии од раѓање, никогаш не сум документирала вакво нешто“, напишала фотографката Алекс Муни со објавата.


View this post on Instagram

A post shared by Alexandria Mooney (@birthstoriesbyalexandriamooney)


„Испитувањето на новороденото бебе е работа што оваа мајка ја прави секој ден. Таа е една од најневеројатните медицински сестри што сум ја сретнала и нејзината работа (за која верувам дека би била најдобрата работа досега) е да се грижи за новородените мали бебиња набргу по раѓањето. Таа го слуша нивното срце, го мери обемот на главата, тежината, става нараквица, им ги зема малите отпечатоци … и многу повеќе“, напишала таа.
„Кога разговаравме пред породувањето, таа ми рече дека сака сама да го прегледа своето бебе. Бев шокирана! Па, тоа е апсолутно неверојатно! Очигледно дека добро размислила за тоа“, пишува таа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …