(ФОТО) Конечно: Таткото (101) и синот (74) сега имаат свои ѕвезди на Булеварот на славните

Познатиот американски глумец Мајкл Даглас, со добивањето на ѕвезда на Булеварот на
славните, денес прославил 50. години работа во шоубизнисот, покрај онаа која му припаѓа на
легендарниот татко Кирк Даглас кој сега има 101. година.

Даглас (74), најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ за која добил Оскар, на
церемонијата бил во придружба на татко си, синот Камерон Даглас (39), сопругата Кетрин
Зита Џонс и глумицата Џејн Фонда со која играл во „Кинескиот синдром“.


Даглас снимил повеќе од 60. филмови и ТВ програми, вклучувајќи ја и полициската серија
„Улиците на Сан Францииско“ со Карл Малден, трилерот „Фатална привлечност“ со Глен Глоуз и
„Ниски страсти“ со Шерон Стоун.
Даглас е и филмски продуцент, а за филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ на Милош Форман со
Џек Николсон во главната улога од 1975. добил и Оскар.
„Имав среќа да бидам дел од класичниот но и новиот Холивуд“, изјавил Мајкл Даглас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …