(ФОТО) Келнерка покажала гнасна порака која и ја оставил гостин со бакшишот од 1.000 долари – но не завршило се’ на тоа!

Една келнерка на Reddit споделила фотографија од страшна порака од клиентот кој и оставил бакшиш од 1.000 долари.
Како што објаснила, таа му доставила на купувачот фактура во износ од 129 долари и била многу изненадена кога видела дека човекот и оставил многу поголем износ на пари.
Сепак, кога внимателно ја погледнала сметката, имала што да види. На неа била напишана многу вознемирувачка и несоодветна порака.
„Прекрасни брадавици, принцезо, јави ми се“, напишал тој до својот телефонски број и се потпиша како „господар“.


Бројни коментатори на Reddit не го криеле своето неверувањето со потегот на клиентот.
„Кутра девојка“, напишал еден корисник.
„Ќ се чувствував толку валкано ако ја примев оваа порака“, додала друга.
Други, пак, посочиле дека таканаречениот бакшиш е само трик и дека на клиентот нема да му биде дозволено од компанијата за кредитни картички да остави бакшиш поголем од сметката.
„Тој веројатно го правел ова во минатото знаејќи дека системот со кредитни картички ќе го одземе износот затоа што е поголем од сметката а не можат да стават помал износ затоа што треба да го стават она што е во сметката“, коментирало едно лице.
„Така, тој ја третира келнерката како ѓубре и се извлекол од она што требало да биде барем 20. долари“, додад друг.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …