(ФОТО) Кејт Мидлтон е најдобро облечена жена – една комбинација била пресудна за да ја освои оваа титула 

На листата на најдобро облечени Британки според магазинот „Татлер“ се нашле бројни познати личности како Хелен Мирен и ѕвездата од серијата „Бриџертон“, Симон Ешли, а на првото место се нашла војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.
Кејт Мидлтон ги освоиле критичарите на овој магазин благодарение на нејзините идеални модни комбинации во кои се гледа влијанието на 1980-тите и модниот стил на принцезата Дијана.
Една комбинација која особено го воодушеви магазинот „Татлер“ е онаа што таа ја носеше на трките на Ројал Акот во јуни оваа година.
Станува збор за бел фустан со црни реси од Александра Рич, кој во комбинација со црна капа изгледаше како да го „позајмила“ од самата Дијана.

Списанието вели дека овој фустан одлично ја отсликувал облеката што ја носела покојната принцеза од Велс пред неколку децении.
Војвотката од Кембриџ е неприкосновена кралица на стилот, која ги промовира британските дизајнери, но позната е и по тоа што носи брендови со пристапни цени и се појавува во веќе видени парчиња за да промовира одржливост.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …