(ФОТО) Каква размазена дива: Елтон Џон, обезбедувањето го носело на раце до јахтата

Популарниот пејач со неговиот сопруг и синовите, е на заслужен одмор , пред новата американска турнеја. Го очекуваат десет настапи низ САД …
Британскиот пејач Елтон Џон (71) летува на север на Сардинија со неговиот сопруг Дејвид Фурниш (55) и нивните синови, седумгодишниот Захари и петгодишниот Илија.


Папараци „ги фатија“ Елтон и Давид како уживаат во одморот на италијанскиот брег, а особено впечатлив бил моментот во кој обебзедувањето на раце го носи популарниот пејач на глисерот, за да не си ги намокри нозете.За тоа време, неговиот сопруг ги носеше торбите и еден од нивните синови.


Фотографите прво ги фатиле додека се враќале од ручек од скриениот залив на Сардинија. Елтон покажал дека е вистински гигант кога им наредил на мускулестите обезбедувачи да го пренесат од брегот до глисерот.
Популарниот пејач, како што вели заслужил одмор пред новата турнеја во САД. Го чекаат десет настапи низ САД,а можеби тоа ќе му биде една од последните турнеи бидејќи има лоша здравствена состојба а минатата година беше во болница заради тешка бактериска инфекција додека беше на турнеја во Јужна Америка.


Сер Елтон, кој својата прва турнеја ја направи во 1970.ттите години и своевремено настапувал во „Палатата Цезар“ во Лас Вегас, неодамна призна дека можел да умре од гореспоменатите инфекции ако да не отишол под “нож”.
Во март минатата година, тој објави дека во нредните шест месеци ќе ја „донесе конечната одлука” во врск со одењето на турнеи. Иконата на музиката раскажа дека сака да помине повеќе време со децата.
„Ќе дојде време кога ќе посакам да престанам да одам на турнеја. Не да престанам да се бавам со музика, туку одењето на турнеја. Седумдесет не е шеесет, ниту педесет. Сакам да поминам повеќе време со момчињата – рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …