(ФОТО) Ја знаеме како Махидевран, а ова е нејзината животна приказна: Два пати се разделувала, се заљубила во колега, а детето ја променило

Таа е една од најзафатените турски актерки, глумела во речиси сите блокбастери, а нејзиниот пат во кариерата воопшто не бил лесен.
Нашата публика ја запозна актерката Нур Фетахоглу како Махидевран во драмската серија „Сулејман Величествениот“, а може да ја гледа и како Еда во серијата „Изборот на таткото“. Оваа актерка горе-долу глуми ликови со тешки судбини, оние кои се зависни од помоќни мажи, а во едно интервју неодамна изјавила дека посакува улога во која женската моќ ќе биде во центарот на вниманието. Онаа која ја издигна до ѕвезденото место секако е Султанијата Махидевран, а во таа улога имаше многу сомнежи.
– Една вечер се вратив дома преморена од снимањето на „Passion of the Orient“ кога ми заѕвони телефонот. Иако воопшто не ми се зборуваше, се јавив и добив понуда да ја играм Махидевран. Бев многу возбудена поради тоа и цела ноќ ја поминав на компјутер, пребарувајќи на интернет, сакајќи да дознаам што е можно повеќе за првата сопруга на султанот, за која дотогаш не знаев апсолутно ништо. Следниот ден, шминкерите на сетот мораа да се мачат да ги сокријат моите темни кругови, изјавила тогаш Нур и конечно се согласила на улогата која и го променила животот.

View this post on Instagram

A post shared by Nur Fettahoğlu (@eclipsnf)


Родена е на 12 ноември 1980 година во Германија како едно од петте деца, а таа била најстара. Предците на Фетахуглу од страната на нејзиниот татко потекнуваат од Турција, додека нејзината мајка е од Косово. По завршувањето на студиите за моден дизајн почнала да работи во банка, а потоа водела програма на финансиски и економски теми на турскиот телевизиски канал Sky Turk. Како актерка дебитирала во 2007 година во телевизиската серија „Gönül Salıncağı“, а досега има глумено во два филма и шест телевизиски серии.
Нејзиниот професионален живот го одбележаа и бурните разводи кои за краток период ги имаше дури два. Во 2008 година, Нур се омажи за брокерот Мурат Ајсан, од кого се раздели по само три години брак. Бидејќи во „Сулејман Величествениот“ ја глумеше Нур Ајсан, а бидејќи во меѓувреме се разведе од Мурат, го врати моминското презиме во Фетахоглу. Во тоа време често можела да се види како се забавува низ Истанбул со колегите од серијата „Сулејман Величествениот“.


View this post on Instagram

A post shared by Nur Fettahoğlu (@eclipsnf)


– Останав во добри односи со Мурат, само го замолив да го задржам презимето. Се прославив како Нур Ајсан и мислев дека со промена на името ќе изгубам дел од мојот идентитет. Колегите ме уверуваа дека тоа нема да влијае на мојата кариера. И тие имаа право, изјавила тогаш актерката, а како причина за разводот ги навела непомирливите карактерни разлики. Сепак, открија турските медиуми, на бракот му пресудила врската со колегата Неџати Сашмаз.
Но, тоа траеше кратко и во 2013 година актерката се омажила за бизнисменот Левент Везироглу, а и тој брак траел само две години. Токму кога останала бремена решиле да се разделат, а во февруари 2016 година Нур го родила девојчето Елиса. Наводно, неколку години имала проблеми со плодноста, па оваа вест израдувала многумина. Парот сепак решил повторно да се венча и заедно да ја одгледуваат својата ќерка.

View this post on Instagram

A post shared by Nur Fettahoğlu (@eclipsnf)


Оваа актерка пред три години имаше проблеми со законот бидејќи ја реновирала семејната куќа без, според законот, да добие дозволи за тоа. Процесот наводно се уште е во тек, а таа се соочува со затворска казна до пет години.

Фото: Принтскрин/Instagram @super_stars_593

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …