(ФОТО) „Игри на моќ“ – политичка мини драма секоја недела на Телма

Провокативна драмска мини-серија која се занимава со заткулисниот живот на една елитна политичка династија. Што се крие зад сјајните реклами и шарени билборди. На што се подготвени политичарите за исполнување на своите политички амбиции. На крајот семејството секогаш е жртва на амбициите.

Добитничката на Оскар, Златен глобус, БАФТА и номинација за наградата ЕМИ, Сигурни Вивер ја глуми Елејн Бариш Хемонд, бивша прва дама и актуелна државна секретарка, која се обидува своето семејство да го одржи заедно, додека се бори со кризата која владее во Министерството за надворешни работи.
По две години се среќава повторно со сопругот, претседателот на САД, а мрачната семејна тајна дополнително ќе ја прогонува. Семејството или кариерата? Изборот е тежок, особено кога ќе мора да донесе тешка државна одлука во врска со кризата во Иран.
Улоги: Сигурни Вивер, Карла Гуџино, Џејмс Волк, Себастиан Стеин, Британи
Исибаси, Елен Бернстаин, Киаран Хајндс, Адриан Пасадар


„Игри на моќ“, секоја недела навечер, од 20:30 часот на Телма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …