(ФОТО) И’ УБАВИ И’ ПАМЕТНИ: Синовите на Пирс Броснан се вистинска реткост во светот на Холивуд!

Иако наградите Златен глобус се зад нас, сè уште се зборува за таа вечер. Славниот актер Пирс Броснан и неговото семејство се најдоа во центарот на вниманието, а тоа особено важи за неговите синови, Дилан и Парис.
Парис и Дилан успеаа да привлечат големо внимание од медиумите и собраните познати личности. Двајцата биле избрани дури и како амбасадори на Златните глобуси,ги додавале наградите, но и добитниците ги придружувале при заминувањето од сцената. Токму оваа обврска, придонела за многу коментари за синовите на Броснан.



Дилан (23) и Парис (18) се синови на Пирс, од бракот со Кели Шеј Смит. Актерот секогаш истакнувал дека таа го спасила од пеколот што го доживеал по смртта на неговата прва сопруга Касандра Харис.


Дилан студира кинематографија, и досега се обидел да асистира зад камерата. Тој исто така е вклучен во музиката и кратко време бил во светот на моделингот. Сепак, неговиот брат Парис веќе е добро познато лице на модните писти, па бил ангажиран на ревиите на Балмејн, Москино, Ралф Лорен, Долче и Габана. Сепак, нему на прво место му е образованието и студира во Лос Ангелес.


Браќата исто така се активни во социјалните промени, заштитата на животната средина и борбата за човекови права. Парис дури снимил и документарец за проблемите на младите, како и филм со кој ги поканува младите да излезат на избори и да го дадат својот глас.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …