Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач, донела одлука да влезе во реално шоу.
Холи, ќерката на Гордон Ремзи, се појавила на аудиција за британското реално шоу „Остров на љубовта“. Славниот готвач е очаен, но неговата ќерка веќе потпишала договор, се пакува и чека снимањето да започне во јуни.
Познатиот готвач, кој се прослави во реалните шоу-програми за готвење, со месеци ја убедувал Холи (21) да не влегува во реалното шоу. Таа, инаку, студирала мода. Учествувала и на неколку модни ревии, започнала да заработува како модел, но сето тоа го оставила за да се појави во егзотичното реално шоу ова лето.
View this post on Instagram
Холи е втора ќерка на Ремзи (54) од петдеца, колку што има со неговата сопруга Тана. Холи честопати го придружувала својот татко на премиери и коктели и се чинело дека многу и се допаѓа „црвениот тепих“.
Ќерката се запишала на Колеџот за мода и дизајн „Конд Наст“ во Лондон, и редовно се појавувала со своето семејство во семејните емисии за готвење на нејзиниот татко на „Готви со Матилда“ и „Бранч на Ремзи“ на CBBC.
View this post on Instagram