АКТЕРОТ Ник Кордоро, кому поради корона вирусот му била ампутирана ногата и кој завршил на респиратор, се разбудил од кома после скоро еден месец.
Среќната вест на нејзиниот профил на Инстаграм ја споделила неговата сопруга Аманда Клотс, која редовно ги известува следбениците за неговата состојба.
“Бев многу возбудена. Докторот ми рече денес дека Ник се разбудил. Не можев да верувам”, напишала таа.
Таа открила дека актерот е сè уште многу слаб и едвај може да ги отвори очите.
„Конечно изгледа дека ќе биде добро, не сакам премногу да се радувам, но ова е навистина непредвидлива ситуација“, додадла таа.
Аманда зборувала и за сè што се случувало во болницата. Таа рекла дека лекарите требало да го реанимираат Ник и дека тој ја изгубил свеста. Неколку дена подоцна, тие морале да ја ампутираат неговата нога. Ова им овозможи на лекарите да се фокусираат на белите дробови и срцето на Ник.
Актерот успешно се опоравува од операцијата, а Аманда рекла дека се надевала на чудо секој ден. Нејзината желба била Ник да се опорави пред средината на јуни за да може да присуствува на роденденската забава на нивниот син.
Таа рекла дека секој ден на Ник во болницата му пуштала видео со плачот на синот за да го потсети зошто треба да издржи и да преживее. Тој чин се чини дека се исплател.