Свршеницата на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристиано Роналдо, Георгина Родригез, на социјалните медиуми се пофалила со огромен дијамантски прстен.
Ова парче скапоцен накит блеснал на раката на свршеничката на Роналдо, а ова е и првпат јавно да се пофали. Таа исто така објави интересен опис кој ја придружуваше оваа фотографија објавена на нејзиниот профил.
„Голем е оној кој не ја гаси светлината на другите за да блесне“.
Поранешната балерина, иако повеќе не се занимава со играње и танцување, физичката активност ја заменува со напорно тренирање. Убавата Георгина често објавува слики од салата каде редовно вежба, а понекогаш тоа го прави и во удобноста на својот дом.
Божествената фигура во костумот за капење е резултат на посветената работа на самиот себе, а таа честопати ја користи можноста да го покаже своето извајано тело.