(ФОТО Галерија) Плати со поезија го разубави Скопје

На 21-ви март, светскиот ден на позијата, секоја година светот цути под значајноста на стиховите. Но, под водството на поетите од Македонија, Скопје и сите кои пиеја кафе го направија невозможното и го обвиткаа градот со позитивни чувства благодарение на акцијата Плати со поезија на Јилиус Мајнл.

Тие беа охрабрени да ги остават и своите телефони, да се свртат околу себе да уживаат во животот и кафето. Оваа акција моментално се реализира во 40 држави од страна на Јулиус Мајнл, но Македонија е една од ретките во која најголемата поддршка доаѓа од самите поети и писатели. Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски се тие кои што ги водат сите кон пишаниот збор, мотивирајќи ги да ги исполнат своите животи со стихови и проза, убавини и среќа.


За тие кои сакаат да ги посетат сите локали може да ја погледнат и официјалната мапа на: http://bit.ly/2UIs3Fs.

Секој кој има барем мал афинитет кон поезијата и кој сака да се запознае со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1ви јуни 2019, треба да напише кратка песна, да ја фотографира и да ја објави на својот Инстаграм профил со хаштагот #PayWithAPoem.Plati so poexzija


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …