(ФОТО Галерија) „Еврофест 2018“: Гран-при за Ѓоко Ѓорчев и Клодијана Вата

Овогодинешното 22. издание на Интернационалниот фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ се случуваше во Крушево и во Скопје, а чествување за незаборав на Тоше беше првиот дел на програмата.


Традиционално, водител на фестивалот беше Катерина Стојановска – Десковска која на свој својствен начин ја водеше публиката низ музичките тонови на фестивалот во Крушево и Скопје.
Наградата за животно дело и припадна на Добрила Ивановска – Чабрич, според нејзиното мот кое достоинствено го претстави во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“.
Гран-при на „Еврофест“ го доби Ѓоко Ѓорчев кој ја изведе композицијата „Те сакам“ на Сашо Ѓеоргиевски, текст на Огнен Неделковски и аранжман на Филип Стевановски.

На фестивалот награди добија и Ристо Краповски, кој је интерпретираше „Ѕвезден Балкан силно заплака“, Серафина Фантаузо за песната „Фиданки“ и Мери Тодорова- Младеновска која ја изведе „Те нема веќе“.
Наградени лауреати на европските фестивали се Јулија Арнаут, Александра Војтик, Олесја Барладеан, Бенјамин Хасаниќ, Клодијана Вата и Дона Михајлова.
Костадин Костадиновски и оваа година покажа дека кога се сака се може. Овој немирен дух по 22. пат организираше фестивал кој е штета што не најде свое место на програмата на МТВ, но ќе биде одложно емитуван на ТВ „Сонце“.
Костадиновски донесе врвни изведувачи кои можат да им бидат пример на младите македонски сили како треба да се гради кариера.


Награди на „Еврофест 2018“:


Национален конкурс – хит мелодии – Гран При – Ѓоко Ѓорчев

Гран при на град Скопје – Бенјамин Хасаниќ – Босна и Херцеговина

Победници – лауреати на европски фестивали – Клодијана Вата – Албанија

Награда за животно дело – Добрила Чабриќ Ивановска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …