(ФОТО) Фабрика Карпош ја промовира АТРИА на Саем за градежништво:Во петок и сабота од секој продаден стан дел од профитот ќе оди за децата од СОС Детското Село

Традиционално, како и секоја година тимот на Фабрика Карпош ќе биде дел од Саемот за градежништво кој се одржува од 24 до 28 октомври во спортскиот центар Борис Трајковски.
На овој саем Фабрика Карпош ќе понуди новости, како и голем број на изненадувања за сите заинтересирани да купат стан во Александрија. Оваа година ќе биде презентирана и новата инвестиција на Фабрика Карпош, Атриа, која е 5та зграда во населба Александрија.
Според Александар Стефанов, проект менаџер на населба Александрија, на овој саем посетителите ќе можат да уживаат во понудата.


“Оваа година ќе ја промовираме нашата 5та зграда Атриа, која е дел од новата населба Александрија. Исто така за сите оние кои сакаат да купат стан на саемот, ќе имаме и голема наградна игра со голем број на награди. Ги повикувам сите посетители да дојдат на нашиот штанд и да се информираат за сите поволности и предности за купување на стан во Атриа. Исто така посетителите ќе имаат можност да ја погледнат и најновата инвестиција на Фабрика Карпош во населба Аеродром – А БЛОК, станбено деловна зграда со висок квалитет.” – изјави Александар Стефанов.
За време на саемот Фабрика Карпош оваа година одлучи да организира хуманитарна акција. Имено на 26 и 27 октомври, вработените на компанијата заедно со претсавниците од СОС Детското Село заедно ќе продаваат станови, а еден дел од секој продаден стан ќе биде донација за децата од СОС Детско Село.


Инаку, Атриа претставува станбено деловен објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот.
Во Атриа како дел од Александрија ќе има 80 одделни единици од кои дел од приземјето ќе бидат наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …