(ФОТО) „Дојран Рок Фест“ ја исполни мисијата – шанса за настапи на македонски бендови!

На 7ми август 2021 годинана плоштадот во Стар Дојран се одржа првото издание на фестивалот ДОЈРАН РОК ФЕСТ.
Музичките изведувачи со авторска музика им приредија убава рок забава на посетителите на фестивалот за кој влезот беше слободен.


По завршените тонски проби, фестивалот во 20:30 часот ја отвори групата Bad Obsession од Валандово, а потоа настапиja The Chicks – Девојките од Велес. По нив се претставија Cruel од Скопје, а потоа настапија струмичките Дактили. Честа да ја затворат вечерта ја имаа High Voltage од Охрид.



„Дојран Рок Фест“ ја исполни мисијата – шансата за настапи на македонски бендови. На тој начин ги охрабри андерграунд музичарите да продолжат да творат бидејќи имаат свое место за настапи.

Фото: ekran.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …