Пејачката поголем дел од своето време поминува во салата за да нејзиниот задник ја задржи вредноста од 27 милиони долари,на колку го осигурала, но и нејзините „плочки“ да бидат стабилни…
„Се чини дека живеам во хеланки“, се пошегувала Џенифер Лопез (48). Пејачката и актерка поголем дел од своето време поминува во салата за да нејзиниот задник ја задржи вредноста од 27 милиони долари,на колку го осигурала, но и нејзините „плочки“ да бидат стабилни.
Џенифер излегувајќи од салата, се погрижила на нејзиното момче, поранешниот безбол Алекс Родригез (42), да му покаже колку се испотила. Пејачката на милиот му се јавила преку апликацијата FaceTime и прво го снимила горниот дел од телото, а потоа и долниот. Џенифер во теретана била со менаџерот Бени Медина, облечена во хеланки во вредност од 92. долари, кои ги искомбинирала со спортски градник.
Инаку, пејчката чест носи хеланки на локалните дизајнери од Лас Вегас кои велат дека се почестени што и се допаѓаат. Тие истакнале дека таа е нивната најдобра реклама и дека нивниот бизнис „цвета”, а за да и ‘се заблагодарат, направиле ограничена колекција посветена на неа. Тие дизајнирале хеланки според фустанот што пејачката го носела, а цената била 145 долари, а таа се пофалила на социјалната мрежа и ги охрабрила фановите да купуваат.
Џенифер кога стасува ги усогласува своите деловни обврски со оние на дечкото па често и Алекс вежба со неа. Таа своевремено се пофалила дека во нејзиниот живот никогаш не вежбала како што сега прави со него. Двојката, која е во врска од февруари минатата година, според американските медиуми, неодамна се свршила. Имено, пејачката се пофалила со фотографијата на која Алекс лежи, а на нејзината рака се истакнува прстенот кој наликува на свршенички.