(ФОТО) Џеј Ло ја исече долгата коса и воведе нов тренд: Еве како изгледа сега!

За прославата по повод 20-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв албум, популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез се одлучи да направи промена со која ги воодушеви нејзините обожаватели.
Со години долгата коса на Џенифер Лопез и е заштитен знак. Меѓутоа, атрактивната Латиноамериканка реши да се претстави со нов изглед во стилот на стариот Холивуд. Стилистот на пејачката, Роб Зангарди, на Инстаграм објави како изгледа таа со пократка фризура со локни, нагласувајќи дека тоа е „исклучително успешен експеримент“.
Во овој ретро стил, Лопез изгледа како неодоливите дами на Холивуд, зрачејќи со гламур и посебен сјај. Гламурозниот стил таа го надополнила со црвен фустан и дијамантски обетки, како и црвени усни, кои кај пејачката се посебно истакнати.
Инаку, Зангарди на Инстаграм објави две фотографии од Џенифер. На првата таа е во крупен кадар, па косата, лицето и заводливиот поглед се во преден план, додека во втората, таа се качува по скали во долг црвен фустан со карнери.

View this post on Instagram

A post shared by Rob Zangardi (@robzangardi)


Ваквото издание многу им се допадна на нејзините обожаватели, кои упатија комплименти за нејзиниот изглед.
Имаше и такви кои истакнаа дека нејзиниот изглед со годините станува сè попрефинет и дека косата подобро и прилега на овој начин отколку подолга.
А, дека и познатите личности се под влијание на празниците и се водат по слоганот „Нова година, нова јас“, покажуваат и младите актерки Зендаја и Џена Ортега, кои исто така потклекнаа пред предизвикот и ја скратија косата како Лопез.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …