(ФОТО) Чин на добрина кој го воодушевил светот!

Фотографијата на анонимниот господин се наоѓа на насловните страници на еден италијански весник.
Неговото име е Фиоренцо, има 94. години, а ноќта пред Божик бил сам и осамен, па ги повикал карабинерите во предградието на Болоња и им рекол дека не му треба ништо, но посакал, ако може некој, да застане десетина минути за да заедно наздрават.
Карабинерите тропнале на вратата на Фиоренцо, наздравиле, се сликале, му помогнаа на кратко да разговара со роднини кои живеат далеку преку видео повик, а приказната завршила на насловните страници на медиумите.
Карабинерите се вратиле следниот ден и на господинот му донеле врамена фотографија што ја направиле претходната вечер.
„Бев возбуден, тоа беше магија за мене“, изјавил Фиоренцо, скоро 100-годишен ветеран од Втората светска војна, за телевизијата „Скај 24“.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …