(ФОТО) Бунтовна членка на кралското семејство: Принцезата Амелија Виндзор шокирала во топлес!

Многумина ја сметаат Амелија за најсексапилната членка на кралското семејство, а поради своето однесување и’ за најбунтовна.
22.годишната Лејди Амелија Виндзор, роднина на принцот Хари и Вилијам, е позната како бунтовен член на кралското семејство.


Музата на светски познатите основачи на брендот “Dolce&Gabbana” не го поминала ниту своето летување без скандал. Манекенката моментално летува на Ибица каде папараците ја фотографирале во топлес издание, а кралското семејство се’ уште не реагирало на новото бунтовништво на младата принцеза.


Амелија е ќерка на Џорџ Виндзор и Силвана Томасели, учителка по историја.
Поради тоа што неговата сопруга била во брак пред него, Џорџ морал да се откаже од својата позиција во редот за наследување на кралската круна, но со промената на актот во 2013. година, грофот и неговата ќерка се повторно на листата за британскиот престол.


Многумина ја сметаат Амелија за најсексапилната членка на кралското семејство, а поради своето однесување и’ за најбунтовна. Јавноста ја памети по појавувањето на една забава во неприфатлив фустан кој ги откривал нејзините гради и тетоважата на ребрата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …