(ФОТО) Близначките од „Пријатели“ имаат по 16. години и глумат во хит филм – еве како денес изгледаат!

Кали и Ноел Шелдон, близначките кои ја играа преслатката ќерка на Рос и Рејчел во деветтата и десеттата сезона на „Пријатели“,се тинејџерки кои глумат во новиот филм на оскаровецот Џордан Пил.
Сестрите Шелдон кои денес имаат по 16. години, ги глумат Бека и Линдси Рајлерм ќерки близначки на Кити, лик кој го отелотворува Елизабет Мос.


Улогата во вториот филм на Џордан Пил, кој за својот прв режисерски првенец „Get Out“ добил Оскар, е прво појавување на сестрите на големото платно и воедно и прва поголема улога за нив после „Пријатели“.

Улогата во „Пријатели“ и двете ја добиле откако нивната мајка Гречен Карпентер на еден блог дознала дека многу продуцентски куќи бараат близначки за различни улоги. Тие две биле премалечки за да се сеќаваат на улогата во серијата, но Гречен, вели дека на сетот ги третирале како принцези, особено Џенифер Анистон.

View this post on Instagram

my twinnie 🦋

A post shared by cali (@cali.sheldon) on

Минатата година девојките истакнале дека се посветени на училиштето, а глумата ја опишале само како хоби. Дали улогата во фалениот филм на Џордан Пил тоа ќе го промени, останува да се види.

View this post on Instagram

We found the coolest star! #jenniferaniston

A post shared by Noelle Sheldon (@noelle.sheldon) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …