(ФОТО) Бил Козби прогласен за виновен:Му се заканува казна затвор повеќе од 10. години

На поротата и биле потребни повеќе од 14. часа да ја донесе пресудата за Козби кого Констанд го обвинила дека во 2005. година во својот дом во Филаделфија и дал лекови и ја силувал. Комичарот рекол дека таа не го запрела…
Поротата го прогласила глумецот Бил Козби (80)за виновен за тешкиот напад и дека ја дрогирал и силувал тренерката по кошарка на Универзитетот „Темпле“, Андре Констанд (42). За секоја од трите точки на обвиненијата, кои се пенетрација без дозвола, пенетрација додека лицето е во несвест и пенетрација после давање лекови, би можел посебно да добие 10.години затвор, но најверојатно за се’ ќе добие толкава казна бидејќи е во голема возраст.
„Многу сме разочарани со пресудата. Жестоко ќе се жалиме бидејќи Бил не е виновен“ рекол адвокатот на комичарот.
На поротата и биле потребни повеќе од 14. часа да ја донесе пресудата за Козби кого Констанд го обвинила дека во 2005. година во својот дом во Филаделфија и дал лекови и ја силувал.Комичарот познат по серијата „Бил Козби шоу“, се бранел дека во ниту еден момент таа не се обидела да го запре.
„Сакав да и биде пријатно и полесно да заспие после нашето долго и страсно бакнување“ објаснил Козби. Нивната средба ја опишал како непријатна, а тврди дека Констанд била сексуално задоволена. Потврдил, пред судијата, дека и дал таблетки „Бенадрил“ бидејќи му се доверила дека е под стрес, а комичарот вели дека немале секс додека спиела.
„Во еден момент преминавме во лежечка поза и не сакаше да престанеме“ напоменал глумецот. Констанд рекла дека поради таблетите не знаела воопшто што се случува и дека се онесвестила.
„Ме силуваше додека не бев при свест“ сведочела тренерката.
Адвокатите на Козби на судењето го бранеле комичарот истакнувјќи, како доказ, дека Констанд е лезбејка, но судијката тоа им го забранила. Тимот на комичарот на судот рекол дека Констанд неколку пати го менувала исказот и дека ноќта за која тврди дека Козби ја силувал таа разговарала со неколку пријатели.
Пред неколку ден сведочела и Кели Џонсон, бившата помошничка на агентот на Козби, и рекла дека еднаш и понудил, бела таблетка.
„Се разбудив во кревет без облека и ме убедуваше да го допирам“ се потсетила Џонсон.
Повеќе од 60. жени го тужеле комичарот за сексуално злоставување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …