Кога ќе ја препознаете љубовта нема потреба од чекање…Токму тоа го направија и Аделина и Серјожа…
Откако пред околу еден месец се сврши за своето момче, адвокатот Серјожа Марков, пејачката Аделина Тахири пред неколку дена и се омажи.
Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии со што потврди дека по едногодишната врска со Серјожа стапиле во граѓански брак. Аделина за граѓанската венчавка се одлучила за црвен фустан со длабоко деколте и крзно. Нејзините пријатели и фанови и посакаа многу среќа и и’ упатија бројни честитки за венчавката.
Аделина пак се пофалила и со свдбениот аранжман во ресторанот каде прославувале…
Пресреќната пејачка се чувствува како на седмо небо па и’ тоа го потврдила со фотка…