(ФОТО) 25. јубилеен интернационален фолк фестивал „Филиграни 2018“ ќе остане во вечно сеќавање

На јубилејното издание на „Филиграни“ беа доделени многу награди, автентично одбележувајќи го јубилејот. Така, наградата за најслушана песна и припадна на „Твојата хармоника“ со Јадранка и Маестро Ристе Тушевски. На Серафина Фантаузо и припадна награда за интерпретација, за најсвадбарска песна е прогласена „Љубов моја“ а Силвана Крстовска ја доби награда за најдобар сценски настап. На Методија Столески му припадна наградата за најдобар дебитант.


„Лично ле Стојне“ што ја изведе Ристо Краповски ја доби 1-вата награда од публиката на второто место се пласира Лиљана Прнаркова и УНИ бенд со песната „Доста е“, додека „Среќен ти роденден љубов најмила“ со Илијана Георгиева – Митева од Бугарија ја доби 3-та награда.
„Ајде ајде ајде“ освои ГРАН ПРИ во спомен на Војо Стојановски, а неа ја изведе Благица Павловска а на „Песна за многу години“ што ја пееше Вики Среброва и припадна ГРАН ПРИ, во спомен на Гоце Арнаудов.


На Теди Еротеева од Бугарија и припадна специјална награда.
Вториот дел од фестивалот започна со Филигранско ѕвездено шоу и наградата за животно дело
ја доби Виолета Томовска за филигранската песна „Само песна ни останува“. За најдобро аранжманско решение на песната „Опојна дрога“ наградата, во спомен на Јанко Узунов му припадна на Маестро Ристе Тушевски.


Исто така беше доделена и наградата за 25 години водителство на Филиграните за Катерина Стојановска – Десковска.

Фото: Чарли и Андреј

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …