Ентони Бордејн постхумно награден со шест награди „Еми“

Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест „Еми“ награди за својата патописно-готварска емисија „Непознати предели”.

Серијата беше наградена во четири категории, а самиот Бордејн доби две постхумни награди „Еми“ – за сценарио за документарна програма и за информативна емисија. Токму наградата за сценарио е посебно значајна за екипата од серијата.
„Тони беше номиниран за ова „Еми“ многупати, но никогаш не ја доби нарадата. Многу ја посакуваше. Затоа ја примам со задоволство измешано со горчина“, истакна продуцентката Лидија Тенаљи.
Последните седум епизоди од шоуте ќе бидат емитувани на „Си-ен-ен“ од 23 септември.
Ентони Бордејн изврши самоубиство на 8. јуни, на 61.годишна возраст, во Франција, каде што ја снимаше последната сезона од емисијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …