Фото: Википедија

Емотивната божиќна драма „Goodbye June“ – режисерското деби на Кејт Винслет пристигнува во декември


Оваа зима филмската публика ќе добие нов празничен наслов што ветува длабока човечка приказна и силни актерски изведби. „Goodbye June“, новиот филм на Кејт Винслет, претставува нејзино режисерско деби, а истовремено и исклучително личен проект инспириран од семејно искуство. Филмот ќе се прикаже во Велика Британија и САД на 12 декември 2025, а глобално ќе пристигне на Netflix на 24 декември 2025.

Во центарот на филмот се четири браќа и сестри, чиј живот ненадејно се менува кога состојбта на нивната тешко болна мајка нагло се влошува токму во празничната сезона. Драмата се одвива во атмосфера каде празниците истовремено носат топлина, носталгија и неминовност – идеален контраст за приказна за семејство, загуба и повторно поврзување.


„Goodbye June“ собра исклучителна група актери, меѓу кои: Toni Collette, Johnny Flynn, Andrea Riseborough, Timothy Spall, Kate Winslet, Helen Mirren, Stephen Merchant, Fisayo Akinade, Jeremy Swift и Raza Jaffrey.

Филмот го напиша Џо Андерс, синот на Кејт Винслет, охрабрен да пишува за нешто што го допира лично. Иако делото не е автобиографско, идејата е инспирирана од загубата на мајката на Винслет, која почина од рак на јајниците во 2017 година. Винслет објаснува дека Андерс ја користел атмосферата и чувствата од тој период, создавајќи измислена приказна со силно емоционално јадро.


Филмот е продуциран од Кејт Соломон и самата Винслет, со мал и интензивен продукциски тим.

Главното снимање започнало на 17 март 2025 година во Велика Британија. „Goodbye June“ е снимен во рок од само 35 дена, со мал буџет и скромна екипа – избор кој, според тимот, овозможил поголема атмосфера на интимност и креативен фокус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тијана Дапчевиќ со нов хит – „Najskuplja“ доби моќен спот, а реакциите не запираат

Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе брои речиси 50000 …