Екран „Споменар“ со Новица Василевски, гитарис и вокал на Крул (Cruel)

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Cruel е алтернативен рок бенд формиран во 1996 година во Скопје од страна на гитаристот и вокал Новица Василевски и тапанарот Трифун Јосифовски. Составот e надополнет со басистот Николовски Николче Ниџо. Бележат настапи на поголемите фестивали во земјата а во 2022 година го издадоа албумот Подобар Свет.


Денес ви го презентираме „споменарот“ на гитаристот, вокалот и фронтменот на бендот Крул (Cruel) – Новица Василевски.

1. Во колку часот се будиш?


– Зависи дали е викенд или работна недела. 6 часот или 8 часот. Не сум спанко и не ми треба многу сон.

2. Кој ти е прекар?


– Ноно

3. Што си во хороскоп?

– Близнаци

4. Кој ти е омилен пијалак?

– Црвено вино

5. Која ти е омилена боја?

– Небо сина

6. Кое ти е омилено јадење?

– Скара со вино

7. Која ти е омилена книга?

– Не знам која, многу читам. Би рекол Мајндсет-Керол Двек и 3 прашања -Дон Мигуел Руиз

8. Кој ти е омилен филм/серија?

– Kingdom of heaven

9. Кој ти е омилен спорт?

– Фудбал

10. Што знаеш најубаво да зготвиш?

– Скара 😄

11. Кое е твоето омилено годишно време?

– Пролет

12. Со кога сакаш да снимиш дует?

– Дина Јашари и Фитз Новиот почеток

13. Која е твоја најдобра и најлоша особина?

– Сакам да ги завршам работите најбрзо што можам и некогаш немам трпение

14. Кој е твоја омилена македонска песна?

– Ти си проблем-Студени нозе

15. Омилен пејач/ка, група (македонски)

– Не знам кој би издвоил, имаме многу добри а јас немам омилени.

16. Најубаво место што си го посетил?

– Тенерифе

17. Како се викаше првата ваша девојка?

– Катерина

18. Со кого го пиеш утринското кафе?

– Со колегите на работа

19. Кој е твојот омилен музички македонски албум?

– Паркети-Грижа на совеста

20. Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

-Сашко Коцев

 

Подолу погледенете го видеото за „Се ќе помине“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Две години без нашата уметница Андријана Мациев

Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година во Скопје. Средно образование завршила во …