Двајца истакнати новинари не напуштија во еден ден… Слава им!

Новинарската професија е многу стресна, напорна, и остава трага на животите на луѓето кои се определиле на јавноста да и ги пренесуваат информациите, коментарите…


Почина една од најзначајните новинарки во областа на културата, Катица Трајковска Абјаниќ. Таа беше дел од екипата на МРТ каде ги правеше неделните културни магазини, организираше фестивали на уметничко видео, отвори простор за дигиталната уметност.


Во петокот на 55. годишна возраст го загубивме и Љупчо Михајловски.
Љупчо Михајловски беше долгогодишен новинар во Вечер, уредник на изданијата на Авто Плус… Беше Еден од основачите на националното Жири за Избор на Автомобил на Годината.
Погребот ќе биде на гробиштата во Бутел во недела 02.09. во 11 часот

Мирно небо колеги!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …