Овој четврток, во Концертната сала на Универзитетот за уметност во Тирана во рамките на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика, пијанистката Дуња Иванова и тенорот Исмет Вејсели ќе одржат целовечерен концерт. На програмата се дела од современи музички автори: Најман, Сакамото, Еинауди, Глас, Бан, Димушевски, Петровски, Сати, Пуланк, Шенберг, Толе, Сина.
Целта на настанот, организиран од Здружението на албански композитори, е да ја препознае соработката помеѓу музичарите од Балканот и развојот на современата музика во регионот. На овој фестивал, балканските земји ќе бидат промотори на современата музика преку реализација на пет концерти на кои, покрај македонските претставници, ќе настапат и музички уметници од Италија, Словенија и Албанија.