Дождот не престанува – Еве каде во Македонија најмногу наврна а каде падна снег?

Последниве неколку дена дождот не престанува и врне скоро во сите 24. часа…
Најмногу дожд, 20. литри на квадратен метар денеска до 16 часот наврна во Пожаране, по што следат Охрид со 16, Тетово и Демир Капија со по 14, во Струмица наврнаа 13, 12 во Штип, 11 Битола и Берово, 10 во Скопје, девет Ѓуриште, шест Крива Паланка и Претор, и три литри на квадратен метар во Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најмногу снег, пак, 42 сантиметри има на Попова Шапка, а само еден сантиметар во Пожаране.


Според најавите од УХМР, времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во вечерните и ноќните часови, кога повторно ќе се интензивираат. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови.
Во Скопје, во вечерните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе бидат пообилни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …