Долгометражниот документарен филм за животот и делото на Конески – „Јанѕа“ со проекции во Струга

На 16 ноември 2023 година (четврток) во 18:00 часот и на 17 ноември 2023 година (петок) во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се прикажува филмот “Јанѕа”.

„Јанѕа“ е долгометражен документарен филм за животот и делотo на академик, поет, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески. Филмот е направен според мотиви од Дневник по многу години на Конески.


Режија: Никола Т. Калајџиски
Времетраење: 101′
Земја: Македонија
Жанр: Документарен, историски

На проекциите ќе биде присутен и дел од авторскиот тим на филмот.


Влезот е 100 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По седми пат ќе се одржи манифестацијата „Убави сме, свои сме”

Денес во НУЦК ” Антон Панов ” во Струмица, со почеток во 19:00 часот, по …