Нов спот на групата БАКЛАВА! Погледнете го видеото за „Чаир“

По „Кеј“ и „Нерези“, групата Баклава ви го презентира новото музичко видео за песната „Чаир (ул. “Крсте Асенов”)“

Инспирана од детството на авторот Елена Христова, текстот буквално го опишува среќниот живот на чаирчаните во своето маало, што не се разликува многу и од другите краеви на Скопје во некое блиско минато.


Овој сингл е третиот со видео запис од новиот албум на Баклава „За Скопје со љубов“, кој го има по сите музички платформи, ЦД и на винил.

Текстот за песната е на Елена Христова


Спотот е во продукција на Opium Film, снимено и монтирано од Кирил Каракаш, Светислав Подлешанов и Бојан Секулоски.

Снимено, микс и мастеринг во студиото „1060“. Во продукција на Дени Крстев и Елена Христова. Песната е дел од албумот „Од Скопје со љубов“, во издание на CPL Music.


Подолу е „заразниот“ рефрен кој со сигурност цел ден ќе си го потпевнувате;

“У маало надвор по цел ден седиме
У Чаир од ништо не се плашиме
Чаир е рај на земјата….”

Уживајте во преубавиот текст и видео, кои барем за момент ќе ве вратат во убавите денови на Чаир и скопските маала, по кои многумина и денес мечтаат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …